• e mërkurë, 04 shkurt 2026

Виница, собрани 3 кубни метри комунален отпад

Виница, собрани 3 кубни метри комунален отпад

Виница, 3 февруари 2026 (МИА) - Во Виница денеска е спроведена поголема акција за расчистување во која покрај лицата кои се ангажирани преку Агенцијата за вработување на Македонија, вклучивме и работници и градежна механизација на ЈП „Солидарност“, информира локалната самоуправа.

На патниот правец кон Виничкото Кале, како и паркинг просторот и патеките кои водат кон Калето се  собра 3 кубни метри комунален отпад. Исто така, се чистеа и наноси од земја, трева и се  вршеше кастрење и сечење на гранки и дрвја, се наведува во соопштението од општина Виница. ис/вј/

Фото: Општина Виница

QËNDRONI TË LIDHUR