Во штипско Ново Село одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев
- Во славното штипско Ново Село, каде што учителствувал Гоце Делчев денеска се одбележаа 154 години од неговото раѓање. Делегации од Општина Штип, Советот на Општината, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претставници на АРМ, државни и локални институции, како и на политички партии и на Општинската организација на Сојузот на борците денеска пред спомен релјефот положија цвеќе и се поклонија на Делчев.
You need to login to view this page