• e martë, 24 shkurt 2026

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

Струмица, 24 февруари 2026 (МИА) - Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 27. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито синоќа им додели на словачкиот карикатурист Роман Сика и на афористичарот Александар Чотриќ од Србија.

Сребрена плакета за карикатура доби Миро Георгиевски од Македонија, а бронзена плакета македонскиот карикатурист Блаже Докуле. Награда од Струмичкиот карневал доби Надица Митев.

Во категоријата афоризам сребрена плакета жирито му додели  на Атанас Крлевски, а бронзена плакета на Лилјана Крстиќ од Србија. Дипломи им се доделени на Екрем Мациќ (БиХ), Елисавета Бончева (Македонија)  и Марија Ранѓеловиќ (Србија), а наградата од Струмичкиот карневал ја доби Миле Ѓоргијоски.

Изложбата од годинашниов Меѓународен фестивал на карикатура  и афоризам  е дел од традиционалната програма на Струмички карневал.

Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, кој истакна дека Струмица преку хуморот и сатирата испраќа порака за креативност, слобода на изразување и меѓународна соработка.

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат денеска со Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер.рт/лв/

Фото: Струмички карневал

QËNDRONI TË LIDHUR