Традиционални танци, храна и интерактивни работилници дел од Кинескиот пролетен фестивал
- Традиционални танци, храна и интерактивни работилници се дел од настанот Кинески пролетен фестивал, чија цел, како што појаснија организаторите, е доближување на богатата кинеска култура и традиција до учениците.
- Post By Блаже Дарудов
- 07:29, 24 shkurt, 2026
Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Традиционални танци, храна и интерактивни работилници се дел од денешниот настан Кинески пролетен фестивал, чија цел, како што појаснија организаторите, е доближување на богатата кинеска култура и традиција до учениците.
Настанот е во организација на Меѓународното училиште НОВА - Скопје, Амбасадата на Народна Република Кина во Северна Македонија и Институтот „Конфуциј“.
Предвидено е обраќања да имаат амбасадорката Џијанг Сјаојан и директорот на училиштето, Иван Новаковски.
- Амбасадорката ќе ги посети учениците од Едукативниот центар за ран развој по што ќе им се обрати на учениците од другите одделенија. Во рамките на настанот предвидени се предавања, изведби на традиционални кинески танци, но и вовед и интерактивни работилници за калиграфија и церемонијално пиење чај. Учениците исто така ќе имаат и можност да вкусат и типична кинеска храна - се наведува во соопштението на Меѓународното училиште НОВА. бд/лв/
Фото: Меѓународно училиште НОВА - Скопје