Здравствените работници во Хрватска најавија дека ќе одржат штрајк на 11 ноември
- Здравствените работници во Хрватска, собрани во Синдикатот Заедно, од понеделник ќе започнат штрајк во текот на кој услуги ќе даваат само во итни случаи, соопштено е денеска во Загреб.
Загреб, 8 ноември 2024 (МИА) - Здравствените работници во Хрватска, организирани од Синдикатот Заедно, од понеделник ќе започнат штрајк во текот на кој услуги ќе даваат само во итни случаи, соопштено е денеска во Загреб.
„Поголемиот дел од установите во Хрватска ќе штрајкуваат. Како што најавивме ќе се работи само со итни случаи, односно целата дијагностичка, лабораториска и радиолошка обработка нема да се извршуваат“, изјави потпретседателот на Синдикатот, Санда Алиќ на прес-конференција пред Клиничкиот болнички центар Загреб.
Здравствените работници собрани во синдикатот бараат зголемување на основицата за најмалку 20 отсто и промена на регулативата за коефициенти. Како што е најавено, штрајкот ќе се спроведува во сите големи болници и некои здравствени домови. рп/
Фото: МИА архива