• четврток, 17 октомври 2024

Шолц му вети на Израел дополнителни испораки на германско оружје

Шолц му вети на Израел дополнителни испораки на германско оружје

Берлин, 16 октомври 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц му вети на Израел натамошни испораки на оружје за тековните воени офанзиви на земјата во Појасот Газа и Либан.

„Има испораки и секогаш ќе има дополнителни испораки. Израел може да се потпре на тоа. Германија мора да го задржи Израел „во позиција да ја брани својата земја“. Израел може да се потпре на нашата солидарност - сега и во иднина, истакна денеска Шолц пред германскиот Парламент.

Тој рече дека палестинската милитантна група Хамас ги предводела бруталните и крвави напади против Израел пред нешто повеќе од една година.

Во исто време, Шолц посочи дека се уште е потребна хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа и дека мора да се почитуваат правилата на меѓународното право во конфликтите на Блискиот Исток.

Тој призна дека во конфликтот загинале и цивили и рече дека човештвото бара да сочувствуваат со сите жртви. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан