• среда, 25 декември 2024

Лавров: На Русија не и е грижа кој ќе победи на претседателските избори во САД

Лавров: На Русија не и е грижа кој ќе победи на претседателските избори во САД

Москва, 7 октомври 2024 (МИА) - За Русија, во најголем дел, не е многу важно кој ќе победи на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп или неговата демократска противкандидатка, Камала Харис, бидејќи двете страни се подготвуваат да се спротивстават на Руската Федерација, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Во најголем дел, не ни е грижа како ќе завршат овие избори, имајќи предвид дека во САД постои двопартиски консензус во однос на конфронтацијата со Русија. Доколку нешто се промени во американската политика и предлози, ќе бидеме подготвени да проучуваме за да видиме дали одговараат на нашите интереси“, изјави рускиот министер во интервју за американскиот магазин Њузвик. 

„Во секој случај, ние одлучно ќе ги браниме руските интереси, особено кога станува збор за прашањата за националната безбедност. Но, генерално, логично би било сопственикот на Белата куќа, кој и да е, да се фокусира на решавање на проблемите на својата земја и да не бара авантури на десетици илјади милји од американските брегови. Сигурен сум дека тоа го сакаат и американските гласачи“, заклучи Лавров. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан