Јермак критикуваше украински пратеник кој го повика Зеленски да преговара со Русија
- Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак го критикуваше пратеникот на Врховната Рада на Украина,Евгениј Шевченко кој го повика претседателот Володимир Зеленски да преговара со Русија.
Киев, 8 ноември 2024 (МИА) - Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак го критикуваше пратеникот на Врховната Рада на Украина,Евгениј Шевченко кој го повика претседателот Володимир Зеленски да преговара со Русија.
Јермак истакна дека „некои“ пратеници на Врховната Рада се „збунети“ и дека работат на тоа да ја „загрозат Украина“.
„Изгледа дека некои пратеници се збунети околу прашањата за националната безбедност, националните интереси и иднината на земјата. Ако во нивните глави националните интереси се пораз на Украина, тогаш тие прават голема грешка во интерес на Русија. Планот за победа на Украина, формулата за мир, е патот до правдата“, напиша Јермак на платформата Икс.
Украинските медиуми јавуваат дека шефот на кабинетот на Зеленски мислел на објавите на пратеникот Евгениј Шевченко, за кои активно се расправа на социјалните мрежи, а во кои Шевченко го повикува Зеленски да почне преговори за завршување на војната. рп/
Фото: МИА архива