• сабота, 09 ноември 2024

Џонатан Пауел назначен за нов советник за национална безбедност на Велика Британија

Џонатан Пауел назначен за нов советник за национална безбедност на Велика Британија

Лондон, 8 ноември 2024 (МИА) - Џонатан Пауел, поранешен шеф на кабинетот на поранешниот премиер Тони Блер и клучен преговарач во мировниот процес во Северна Ирска, денеска беше назначен за нов советник за национална безбедност во Владата на Велика Британија.

Пауел, кој исто така служеше 10 години како дипломат во британското Министерство за надворешни работи, беше еден од творците на Договорот за Велики петок, кој во голема мера стави крај на тридецениското насилство што ја потресе Северна Ирска од доцните 1960-ти.

„Со искуство во помагање да се преговара за Договорот од Белфаст (Велики петок) и работејќи на некои од најсложените конфликти во светот, тој е квалификуван да ја советува владата за предизвиците што претстојат и да се ангажира со колегите ширум светот за заштита и унапредување на британските интереси“, се вели во соопштението на британскиот премиер Кир Стармер. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан