• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бербок: Европската одбранбена унија веќе не е прашање „дали“ туку „за колку брзо“ таа ќе биде формирана

Бербок: Европската одбранбена унија веќе не е прашање „дали“ туку „за колку брзо“ таа ќе биде формирана

Берлин, 27 март 2025 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави денеска дека Европската одбранбена унија веќе не е прашање „дали“ туку „за колку брзо“ таа ќе биде формирана.

На конференцијата „Европа 2025“ за европскиот суверенитет, Бербок рече дека европската одбранбена индустрија сè уште има национален карактер и поради тоа е „многу неефикасна“.

„Ако и натаму користиме 150 различни системи на вооружување во Европа кои не се компатибилни едни со други, можеме да ги потрошиме сите пари во светот - нема да бидеме доволно ефикасни, поради тоа верувам дека Европската одбранбена унија не е прашање дали, туку за колку брзо ќе ја оствариме“, додаде Бербок. рп/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан