• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Калас и Кубилиус учествуваат на состанок на „Вајмар+“ групата во Мадрид 

Калас и Кубилиус учествуваат на состанок на „Вајмар+“ групата во Мадрид 

Брисел, 31 март 2025 (МИА) - Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус попладнево ќе учествуваат на состанокот на „Вајмар+“ групата на министерско ниво во Мадрид, посветен на европската безбедност и на Украина. 

Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, на средбата во Мадрид, покрај Калас и Кубилиус, ќе учествуваат и претставници на Велика Британија, Германија, Италија, Полска, Франција и на домаќинот Шпанија. 

Состанокот се одржува во пресрет на неформалниот Совет за надворешни работи на ЕУ на ниво на министри за одбрана, предвиден за 2 и 3 април во Варшава, на кој ќе се расправа за Белата книга за европската одбрана „Подготвеност 2030“, што ја изработи Европската комисија, како и за безбедноста на Европа и за поддршката на Украина. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан