• вторник, 12 ноември 2024

„Дизни ворлд“ може да биде домаќин на остатокот од сезоната во НБА

„Дизни ворлд“ може да биде домаќин на остатокот од сезоната во НБА
Орландо, 30 април 2020 (МИА) – НБА-лигата разгледува опција остатокот од сезоната да се доигра во комплексот за забава „Дизни ворлд“ во близина на Орландо, Флорида. Според новинарот Шамс Шарани од „Атлетик“, комесарот на НБА, Адам Силвер во средата оствари разговори со генералните менаџери на 30-тина екипи и медицински лица, разговарајќи за различни сценарија за првенството. Силвер е убеден дека сезоната може да заврши ако вакцината што ја развиле научниците од универзитетот Оксфорд, ги донесе потребните резултати кај луѓето. Досега, експерименталниот лек ремедивир дал добри резултати на тестовите кај мајмуни и се очекува да започне со тестирање кај луѓето што е можно поскоро. НБА се надева дека повеќето екипи ќе можат да продолжат со тренинзите по 8 мај, а до крајот на месецот и следниот ќе можат да играат натпревари. Покрај Дизни, Лас Вегас и Бахамите се меѓу другите опции за кои се дискутира за завршницата на шампионите. Наспроти зборовите на Силвер, д-р Ентони Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алергии и заразни болести во Соединетите држави, во средата изјави дека големите спортски лиги треба да се помират со тоа дека сезоната 2019/2020 заврши. Првенството во НБА-лигата беше стопирано на 11 март, откако двајца играчи на Јута беа позитивни на коронавирус. зс/

Остани поврзан