Без голови и без победник на натпреварот во Битола
- Последниот натпревар од 21.коло од Првата фудбалска лига одигра вечерва во Битола меѓу Пелистер и Силекс заврши без победник 0:0
Битола, 5.март 2026 (МИА) – Последниот натпревар од 21.коло од Првата фудбалска лига одигра вечерва во Битола меѓу Пелистер и Силекс заврши без победник 0:0. Двете екипи одигра натпревар со неколку шанси, но мрежите на голманите останаа незатресени. Со освоениот бод двете екипи останаа на позициите, кои ги имаа и пред почетокот на натпреварот – Силекс на четвртото место, а Пелистер на 10.место.
На вториот натпревар одигран попладнево во дербито Шкендија му го нанесе првиот пораз на Вардар совладувајќи го со 1:0 во Скопје.
На претходно одиграните натпревари од оваа рунда: Арсими – Тиквеш 0:5, Македонија ЃП – Работнички 3:1, Брера – Струга 0:0 и Шкупи – Башкими 0:2.
Табела: Вардар 52 бода, Шкендија 51, Струга 44, Силекс 39, Башкими 29, Тиквеш 27, Брера 27, Арсими 26, Македонија ЃП 23, Пелистер 21, Работнички 13, Шкупи 1. мн/
Фото: ФФМ