• сабота, 23 ноември 2024

Џонсон ќе одговара на прашања во Долниот дом на британскиот Парламент

Џонсон ќе одговара на прашања во Долниот дом на британскиот Парламент
Лондон, 6 мај 2020 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон ќе се појави денеска во Долниот дом на британскиот Парламент, првпат откако беше болен од Ковид-19, каде ќе одговара на прашања во врска со бројот на починати од коронавирусот во земјата, кој е најголем во Европа. Тој првпат во Парламентот ќе се соочи со лидерот на лабуристите, сер Кир Стармер, кој е избран за претседател на опозициската Лабуристичка партија на почетокот на минатиот месец. Џонсон ќе одговара на шест прашања, кои ќе му ги постави Стармер, поврзани за заштитната опрема и бројот на починати во домовите за стари и изнемоштени лица. - Добро е што се вратив. Сакам да им оддадам почит на припадниците на Националната здравствена служба и 29 негователи кои за жал починаа од новиот коронавирус, истакна Џонсон. гт/

Остани поврзан