Џенифер Лопез и Алекс Родригез го прифатија новиот интернет-предизвик (видео)
- Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник - поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез го прифатија предизвикот новиот Тик-ток предизвик со менување на облеката на песната „Nonstop“ од Дрејк.
Лос Анџелес, 10 март 2020 (МИА) - Пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник - поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез го прифатија предизвикот новиот Тик-ток предизвик со менување на облеката на песната „Nonstop“ од Дрејк. Видеото стана инстант-хит којшто вирално се распространува на интернет.
Имено, снимката почнува со заводлив танц на Џеј Ло во припиен бел фустан, пред огледало, додека момчето ја снима. Алекс е во костум и со „фенси“ очила за сонце.
Во наредните неколку секунди, тие си ги заменија улогите а и облеката... Одеднаш тој е во бел фустан, а таа во машко одело и го снима. си/
https://twitter.com/i/status/1236859964158652416