• недела, 24 ноември 2024

Џенифер Греј во вториот дел од „Валкан танц“

Џенифер Греј во вториот дел од „Валкан танц“
Лос Анџелес, 7 август 2020 (МИА) - Џенифер Греј, која покрај Патрик Свејзи глумеше во романтичната драма „Валкан танц“ (Dirty Dancing), ќе се појави и во продолжението на класиката од 1987 година, објави денеска филмското студио „Лајонсгејт“. - Греј исто така ќе биде извршен продуцент на филмот. Режисерската палка му припадна на Џонатан Левин, изјави Џон Фелтхајмер, извршен директор на студиото. Компанијата не објави повеќе податоци. Не е соопштено кога филмот ќе ја има својата премиера. Греј, тогаш 27-годишна, во оригиналниот филм ја толкуваше Френсис „Бејби“ Хаусман, тинејџерка која се вљубува во инструкторот за танц Џони Кесл (Свејзи), во одморалиште во сојузната држава Њујорк во 1960-тите. Патрик Свејзи почина од рак во 2009 година на 57-годишна возраст. Со буџет од шест милиони долари, „Валкан танц“ пред 33 години оствари заработка од безмалку 214 милиони долари. Хитот „I've Had The Time of My Life“ доби Оскар за најдобра оригинална песна.  си/

Остани поврзан