• сабота, 23 ноември 2024

Јувентус објави загуби од близу 100 милиони евра

Јувентус објави загуби од близу 100 милиони евра

Торино, 17 февруари 2024 (МИА) - Италијанскиот клуб Јувентус вчера соопшти дека нето загубата на клубот се зголемила на 95,1 милиони евра (102 милиони долари) во првата половина од фискалната година 2023-2024. Главна причина за тоа е неучеството на тимот на европските турнири од каде што голем дел од приходите доаѓаа во претходните сезони.

За споредба, во истиот период минатата фискална година, клубот забележа загуби од 29,5 милиони евра. Приходите паднаа за речиси 26% до 173,3 милиони евра во периодот од јули до декември минатата година, се вели во соопштението на Јувентус.

За да ги поткрепи своите финансиски проблеми, клубот од Серија „А“ најави зголемување на капиталот од 200 милиони евра, што се очекува да започне до крајот на април. „Ексор“, инвестициската гранка на семејството Ањели, која го контролира клубот од Торино повеќе од еден век, веќе го покрива делот од парите што одговара на неговиот удел од 64%, а исто така ќе биде гарант за остатокот.

Јувентус беше погоден од сметководствен скандал поврзан со трговијата со играчи и исплатата на платите на крајот на 2022 година, чии последици вклучуваа забрана од европските натпреварувања таа сезона. Тимот од Торино повтори дека прогнозира уште една загуба во тековната, целосна фискална година, откако пријави консолидирана загуба од 124 милиони евра до 30 јуни 2023 година, со што таа ќе достигне повеќе од 700 милиони евра за шест години.

Клубот последен пат забележа нето добивка во 2016-2017 година.дс

Фото: Фејсбук

Остани поврзан