Баерн сака да го ангажира Нико Вилијамс
- Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен е заинтересиран за крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, објави денеска новинарот Флоријан Плетенберг.
Минхен, 24 декември 2024 (МИА) – Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен е заинтересиран за крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, објави денеска новинарот Флоријан Плетенберг.
Според истиот извор, баварскиот клуб ќе се обиде да го ангажира шпанскиот репрезентативец во текот на летото, а евентуалниот трансфер зависи од преговорите за обновување на договорите на тројца напаѓачи на Баерн – Серж Гнабри, Лирој Сане и Кингсли Коман.
Вилијамс (22), чија вредност на трансфер пазарот се проценува на 70 милиони евра, оваа сезона досега одигра 23 натпревари за баскискиот тим, постигнувајќи два гола, а додаде и пет асистенции.
Неговиот договор со клубот од Билбао е до лето 2027 година. ег
ФОТО: Фејсбук