• недела, 17 ноември 2024

Јорданов за МИА: Штип  по вторпат ќе се обиде да издаде општинска обврзница

Јорданов за МИА: Штип  по вторпат ќе се обиде да издаде општинска обврзница

Штип, 6 февруари 2023 (МИА) - Општина Штип по вторпат ќе се обиде за издавање на општинска обврзница, вели за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој најави дека утре на седница на Советот на Општина Штип како точка на дневен ред ќе се најде Предлог одлука за издавање на општинската обврзница, веднаш ќе се достави барање за согласност и до Комисијата за хартиии од вредност и министерството за финансии.  

-За да потоа практично го доставиме барањето до Влада и да се издаде првата општинска обврзница. Се надевам дека Владата конечно ќе овозможи да се реализира истата обврзница и да можат заинтересираните страни, фондови, банки, правни лица истата да ја откупат и со тоа да се реализираат очекуваните и ветените проекти, какошто се булеварот „Партизанска“, обиколницата кон бањата Кежовица, којашто треба да генерира развој на град Штип, вели Јорданов.

Во телефонскиот разговор за МИА посочува дека износот е ист, како и во првиот обид, односно станува збор за сума од четири милиони евра. Јорданов се надева дека Штип оваа година ќе ја  издаде првата општинска обврзница, а сите недоразбирања ќе бидат надминати. вдј/аа/

МИА фото архива  

Остани поврзан