• среда, 25 декември 2024

Јапонски државјанин уапсен во Белорусија поради шпионажа

Јапонски државјанин уапсен во Белорусија поради шпионажа

Талин, 6 септември 2024 (МИА) - Јапонски државјанин е уапсен во Белорусија под обвинение дека фотографирал воена и цивилна инфраструктура во близина на границата со Украина за јапонската тајна служба. 

Белоруската државна телевизија објави дека Масатоши Наканиши направил 9.000 фотографии од воени објекти, аеродроми, железници, мостови и друга инфраструктура во граничната област на Белорусија и Украина.

Наканиши живеел во Гомел, вториот по големина град во Белорусија во близина на границата, од 2018 година и предавал јапонски на тамошен универзитет.

Белорусија беше почетна точка за руските трупи во војната во Украина, но не ги испрати своите војници на фронтот. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан