• понеделник, 29 јули 2024

Јанчев најави изградба на адреналински парк

Јанчев најави изградба на адреналински парк
Кавадарци, 6 октомври 2021 (МИА) - Изградба на адреналински парк и формирање на спортско катче, туристички воз како атракција за најмладите, најави денеска кандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, на прес конференција. Тој се освена на четири проекти од изборната програма, за подобар живот на кавадарчани. Говореше, меѓу другото, за целосна реконструкција на градскиот базен. -Во соработка со основните и средните училишта, учениците ќе можат бесплатно да ги користат содржините на градскиот базен, појасни Јанчев, кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Јанчев најави и проект за мини голф терени. свд/аа/

Остани поврзан