• недела, 28 јули 2024

Јанев: Неопходен поефикасен дијалог и реална волја за решавање на билатералното прашање

Јанев: Неопходен поефикасен дијалог и реална волја за решавање на билатералното прашање
Скопје, 6 јули 2021 (МИА) - Техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев денеска на средба во Софија со словенечкиот амбасадор во Бугарија Анжеј Франгеш, ја потврдил бугарската принципиелна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, посочувајќи ја неопходноста од поефикасен дијалог и реална волја за решавање на прашањата меѓу С Македонија и Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, акцентот бил ставен врз барањето да бидат исполнети ангажманите во билатералниот договор.
Како што соопшти бугарската владина прес-служба, било истакнато и дека европските партнери на Бугарија заземаат страна, толерирајќи ја Северна Македонија и обвинувајќи ја Бугарија, како што е посочено, без реални аргументирани основи.
Јанев и Франгеш исто така го разговарале за почетокот на словенечкото претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека ЕУ треба да биде надежна и сигурна Унија, способна да обезбеди стабилност во нејзиното соседство.
Во тој контекст била истакната клучната улога на трансатлантската соработка и перспективите за развој на државите од Западен Балкан. нк/нд/
 

Остани поврзан