• петок, 22 ноември 2024

Велешките здруженија со акција за спас на езерото „Младост“

Велешките здруженија со акција за спас на езерото „Младост“

Велес, 28 јули 2024 (МИА) - Шест велешки здруженија на иницијатива на  Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ со поддршка од Општина Велес и Биогасната електрана  на Брако / Фероинвест  во село  Сарамзалино, изминативе два викенди од крајбрежјето на велешко акумулационо езеро „Младост“ собраа и односоа во биогасната електрана  со четири цистерни над 110 тони материи од бреговите на езерото фекалии, изумрени алги и други штетни материи кои се таложат на бреговите и го загрозуваат опстанокот на езерото и здравјето на капачите.

Во акцијата за негово чистење кое двата викенда беше иницирана од ЗСР „Бабуна“ од Валес, а  логистички поддржана од ЕД „Вила Зора“  во  изминатиот викенд работно се вклучија и  членови  од  ЗГ„Акцијаши“ Кајакарскиот клуб „Бабуна“ Здружението за пливање  „Клуб 28“ и Општинскиот Црвен крст.

Од ЗСР „Бабуна“ Велес, како што информира за МИА, претседателот Даниел Наумоски  по двете еколошки акции изведени четири дена во минатиот и овој викенд  на велешко езеро „Младост“  со четири цистерни  собраните се  над 110 тони материи и однесени  во  Биогасната електрана  во Сарамзалино  со што оваа биогасна електрана  сопственост на  фирмата Брако: Фероинвест во Сарамзалино, а  која прва се вклучи во акцијата, нејзините капацитети по овие акции сега  се целосно исполнети со репроматеријали.

Од велешките Здруженија апелираат и  до останатите Биогасни централи во земјава под итно да се вклучат во понатамошните  акции  собирање на отпадната штетна материја меѓу кои и фекалии, а кои тие ги користат како репроматеријали за својата работа. Воедно велешките здруженија за спас на велешкото езеро „Младост“ под итно бараат помош и поддршка од државата.

Kако што информираат преку соопштение за МИА,  од  „Брако / Фороинвест“ ова нивно вклучување во чистењето на велешкото езеро „Младост“  кое е значително оддалечено од електраната за нив претставува општествена  одговорност во спас на велешкото езеро „Младост“.

- Нашите инженери во биогасната електрана Сарамзалино утврдија дека штетната материја која го загадува велешко езеро може да биде употребена во процесот на производство на биогас. Ние собираме отпад од блиските фарми околу електраната, бидејќи не е исплатливо да се носи суровина од подалеку, но превозот и сите издатоци за оваа акција за нас претставуваат помош за Велес, за граѓаните и за заштита на околината и водата во езерото. Воедно ние и понатаму ќе продолжиме да помагаме, се вели во соопштението испратено Брако / Фероинвест, кое раководи со Биогасната електрана  во Сарамзалино.

Тие појаснуваат дека сепак толкав им е капацитетот и дека  не можат веднаш и цела материја да ја соберерат  и употребат, бидејќи таа е веќе полна со бактерии, врие и е активна, и не смее одеднаш да се стави преголема количина во системот на електраната бидејќи ќе направи проблем.

-Има технологија на производство на биогасот и сооднос на материи кои мора да бидат дозирани за да биде производството безбедно, бидејќи станува збор за производство и насобирање гас кој гори. Треба и да се знае дека откако ваквите материи ќе поминат низ технолошкиот процес во биогасната електрана и производството на електрична енергија, на крај како нус продукт излегува земјоделско ѓубриво и хумус, така што штетната материја која денес го загадува езерото ќе биде неутрализирана во еден затворен процес со нула отпад, се наведува во нивното соопштение.

Воедно од Брако/Фероинвест посочуваат дека овој   пример најдобро го покажува значењето на биогасните електрани во една економија, како производители на чиста електрична енергија и чистачи на отпадот, и се класичен пример на циркуларна економија.

Инаку во  извештајот на Хидробилошки завод Охрид направена по анализата на водата во велешкото езеро Младост“ , кој е  објавен во петокот на страната на ЈП за водостопанство „Хидросистем „Лисиче“ од Велес кое од нив ја побара анализата на водата  се потенцира дека класификацијата на водата во езерото  е  направена според Европските директиви и најновата класификација дадена од експерти за микробиологија од Унијата. Примената кај добиените резултати од овие истражувања покажува дека водата од сите локалитети на велешко езеро „Младост“ е со фекално и органско загадување.

Стручњаците од Хидробилошки завод Охрид за надминување на лошите состојби и спас на велешко езеро „Младост“ ,   а кое според нивната оценка изумира  препорачуваат да се изврши механичко отстранување  на наслагите од алги,  како и таканаречените душеци мртва растителна маса која плови на површината на водата, а со што се оневозможува збогатување на екосистемот со органски материи и нутриенти при разградбата на органската метерија.

Воедно препорачуваат дека е неопходно Итно механичко чистење, отсранување на конгломератите кои се наталожиле на дното на акумулацијата со багерирање. Посебно препорачуваат под итно  снабдување на акумулацијата на езерото  со свежа вода. ад/

Фото: МИА

 

Остани поврзан