Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра
- Напаѓачот на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување на нов договор со клубот, пренесе „Барса Универзал“.
Барселона, 22 ноември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување на нов договор со клубот, пренесе „Барса Универзал“.
Според изворот, договорот со 17-годишниот шпански репрезентативец ќе биде продолжен на 6 години кога тој ќе наполни 18 години.
Во договорот ќе биде вклучена откупна клаузула од една милијарда евра.
Оваа сезона Јамал одигра 16 натпревари за Барселона, постигнувајќи 6 гола и 8 асистенции.
Актуелниот договор со Каталонците е до летото 2026 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 150 милиони евра. дс
Фото: Архива