• среда, 25 декември 2024

Јавна дебата за зајакнување на механизмите за соработка меѓу организациите на лицата со попреченост, новинарите и надлежните институци

Јавна дебата за зајакнување на механизмите за соработка меѓу организациите на лицата со попреченост, новинарите и надлежните институци

Скопје, 16 септември 2021 (МИА) - Во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) денеска ќе се одржи јавна дебата посветена на зајакнување на механизмите за соработка меѓу организациите на лицата со попреченост, новинарите и надлежните институции.

Дебатата се организира во рамки на проектот „Партнерство, застапување и комуникација за ефикасна инклузија на лицата со попреченост“, што го спроведуваат МИМ и НСИОМ, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Организаторите информираат дека во рамки на јавната дебата ќе се одржат три панел-дискусии: „ Предизвици и перспективи во секторот за социјална заштита и социјални услуги“, „ Кон инклузивно образование – клучни чекори за обезбедување на образование за сите деца“ и „Приоритети за обезбедување ефективна здравствена заштита за сите деца и лица со попреченост“.фф/дма/

Остани поврзан