• среда, 04 март 2026

Ѓорѓиевски: Службите на терен по неповолните временски услови, апелирам на внимателност

Ѓорѓиевски: Службите на терен по неповолните временски услови, апелирам на внимателност

Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека по неповолните временски услови, екипи се испратени на терен, се реагира навремено и координирано. Истовремено, градоначалникот апелира на внимателност.

- Екипите се на терен, реагираме навремено и координирано. Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации во градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Нашите служби веднаш излегоа на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните - посочува градоначалникот на својата фејсбук-страница.

Ѓорѓиевски додава дека се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот онаму каде што имало застој.

- Приоритет ни се безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот. Апелирам до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен. Продолжуваме посветено и одговорно - истакнува Ѓорѓиевски во објавата. бд/дма/

Фото: Фејсбук-страница на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан