Ѓорѓиевски: Се реконструира улицата „Жил Верн“, продолжуваме да го уредуваме секој дел за побезбедна и поубава Кисела Вода и Скопје
- Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Жил Верн“ во општина Кисела Вода.
Скопје, 24 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Жил Верн“ во општина Кисела Вода.
-Денес извршив увид во тековните градежни активности на улицата „Жил Верн“ во Кисела Вода, проект што значи целосна реконструкција на коловозот и тротоарите, на површина од околу 1.300 квадратни метри. Оваа улица добива сосема нов лик.
По поставувањето на новата атмосферска канализација, со новиот асфалт и уредени тротоари ја заокружуваме инфраструктурната санација во целост, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку капиталните инвестиции за кои Општина Кисела Вода аплицираше до Владата.
- Продолжуваме посветено, чекор по чекор, да го уредуваме секој дел за подобра, побезбедна и поубава Кисела Вода и Скопје, наведува Ѓорѓиевски. мд/вг/
Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски