• четврток, 12 февруари 2026

Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Градот

Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Градот

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб, информираат од Град Скопје. 

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потенцира дека од раните утрински часови екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Градот. 

- Снегот не е изненадување во зима  - подготвеноста е наша обврска! Од раните утрински часови екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Градот. Со цел навремена и ефикасна реакција кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки - напиша Ѓеорѓиевски на социјалните мрежи.

Безбедноста на граѓаните, посочува градоначалникот, е наш приоритет и затоа апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги приспособат брзината и начинот на возење на зимските услови.

- Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа - Скопје се движи безбедно и во зима - наведува Ѓеорѓиевски. ев/вј/

ФОТО: Град Скопје

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан