• среда, 25 декември 2024

Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда

Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда

Белград, 5 ноември 2024 (МИА) - Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на завршниот АТП турнир оваа сезона.

-За мене е голема чест што успеав да се квалификувам за финалето во Торино. Навистина се радував на турнирот, но поради повреда нема да можам да играм следната недела.
Им се извинувам на оние кои планираа да ги гледаат моите натпревари. На сите играчи им посакувам одличен турнир. Се гледаме наскоро! – напиша Србинот.

Ѓоковиќ е седумкратен освојувач на трофејот на завршниот турнир.

Натпреварите ќе почнат на 10 ноември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан