• среда, 25 декември 2024

Ѓоковиќ одби да живее во Олимпиското село

Ѓоковиќ одби да живее во Олимпиското село

Париз, 24 јули 2024 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да живее во Олимпиското село во Париз.

Според „Sportal“, 37-годишниот тенисер ќе дојде во Олимпиското село само за да ги поздрави српските олимписки учесници, но ќе живее одвоено.

Оваа одлука се должи на фактот што живеењето во Олимпиското село во Токио му отежна на Ѓоковиќ да го одржи режимот - многу спортисти сакаа да се сликаат со него, што го спречи да тренира.

Тениските натпревари ќе се одржат на Олимпијадата во 2024 година од 27 јули до 4 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан