• четврток, 26 декември 2024

Ѓоковиќ без последици откако беше удрен со шише во главата

Ѓоковиќ без последици откако беше удрен со шише во главата

Рим, 15 мај 2024 (МИА) - Новак Ѓоковиќ беше на лекарски прегледи во Белград по ударот во глава на турнирот во Рим.

Според изворот на „Република“, нема опасност по здравјето на 36-годишниот Србин. Прегледот не покажал никакви последици откако шишето удрило во главата на Ѓоковиќ.

Инцидентот се случи на 10 мај кога Ѓоковиќ даваше автограми откако го победи Французинот Корентин Муте во второто коло на турнирот во Рим. Во тој момент 36-годишниот тенисер бил погоден во глава од шише кое случајно паднало од трибините од ранецот на еден од навивачите.

Србинот подоцна изјави дека имал главоболки, мачнини и вртоглавици по несреќата, но сега се чувствува многу подобро и нема да има проблем да се натпреварува на вториот Гренд слем годинава, Ролан Гарос, кој започнува на крајот на мај. дс

Фото: Архива

Остани поврзан