• четврток, 26 декември 2024

Батлер сака да го напушти Мајами Хит

Батлер сака да го напушти Мајами Хит

Мајами, 25 декември 2024 (МИА) - Шесткратниот учесник на ол-стар натпреварот, Џими Батлер сака да го напушти Мајами Хит и претпочита да биде испратен во друг тим пред крајот на преодниот рок во НБА лигата, пренесе „ЕСПН“. Тој завршува на 6 февруари следната година.

За иднината на ветеранот се зборува неколку недели, а американскиот медиум претходно објави дека Хит ќе разгледува понуди. Неговиот избор е да продолжи да игра за тим со амбиции за титулата како што се Феникс Санс, Голден Стејт Вориорс, Далас Маверикс и Хјустон Рокетс.

Хит, за кои Батлер игра од сезоната 2019/2020, имаат скор 14-13 и се на шестото место во Источната конференција на НБА.

Батлер оваа година според договорот ќе заработи 49 милиони долари, а следната година има опција за 52 милиони долари. Тој има намера да се откаже и да го тестира пазарот на слободни агенти во јули.

Тој има просек од 18,5 поени, 5,8 скока и 4,9 асистенции на 20 натпревари од почетокот на сезоната. Батлер го има најдобриот шутерски процент во кариерата, со 55,2% прецизност од поле. дс

Фото: Архива

Остани поврзан