• понеделник, 30 септември 2024

Шредер нов кошаркар на Бостон

Шредер нов кошаркар на Бостон
Бостон, 14 август 2021 (МИА) – Германскиот кошаркар Денис Шредер во новата сезона ќе го носи дресот на Селтикс, објави клубот од Бостон. Дваесет и седумгодишниот Германец им се приклучи на Селтикс како слободен играч. Шредер претходно играше за Лос Анџелес лејкерс. Во сезоната 2020/21, тој имаше просек од 15,4 поени, 3,5 скокови и 5,8 асистенции по натпревар. зс/

Остани поврзан