• недела, 24 ноември 2024

Шпанската влада дозволи присуство на навивачи во Ла Лига следната сезона

Шпанската влада дозволи присуство на навивачи во Ла Лига следната сезона
Мадрид, 24 јуни 2021 (МИА) - На гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите од шпанската Ла Лига следната сезона. Шпанската влада објави дека навивачите ќе можат да ги посетуваат стадионите од почетокот на новата сезона на шампионатот. Во моментов не е прецизирано дали на клубовите ќе им биде дозволено целосно или делумно да ги полнат стадионите. На крајот на минатата сезона во одредени региони на Шпанија, на ограничен број гледачи веќе им беше дозволено да присуствуваат на фудбалски натпревари. зс/

Остани поврзан