• четврток, 17 октомври 2024

Шпанија не се согласува за отворање на центри за азил надвор од ЕУ

Шпанија не се согласува за отворање на центри за азил надвор од ЕУ

Мадрид, 16 октомври 2024 (МИА) – Владата на Шпанија денеска соопшти дека не се согласува со предлогот за создавање центри за азил во земји надвор од Европска Унија.

Шпанската министерка за труд Јоланда Дијаз од левичарската партија Сумар (Обединети), која е дел од шпанската владина коалиција, истакна дека не се согласува со идејата.

Додека портпаролката на Владата, Пилар Алегрија веќе категорично го отфрли таквиот план, наведувајќи дека шпанската миграциска политика веќе функционира.

На утрешниот Самит на ЕУ, на предлог на претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен ќе се разговара и планот за создавање на центри за азил во земји кои не се членки на Унијата.

Во Шпанија е во тек дебата за планот за користење на релативно нов, но речиси напуштен аеродром во централниот регион Кастиља-Ла Манча како прифатен центар за мигранти.

Изминатите месеци голем број мигранти, вклучително и малолетници, пристигнаа на Канарски Острови, шпански архипелаг во близина на брегот на северозападна Африка. Канарски Острови се залагаат за правична распределба на овие мигранти и поддршка од централната Влада. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан