• среда, 13 ноември 2024

Шојгу: Русија двојно го зголеми производството на муниција за своите ПВО системи

Шојгу: Русија двојно го зголеми производството на муниција за своите ПВО системи

Москва, 30 јануари 2024 (МИА) - Русија двојно го зголеми производството на муниција за своите системи за противвоздушна одбрана, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пренесува ДПА.

Шојгу ја даде изјавата за време на инспекцијата на фирми од руската одбранбена индустрија во градот Екатеринбург на Урал, соопшти Министерството.

Тој посочи дека е зголемено и производството на ракетни фрлачи за противвоздушни системи С-300 и ракетни системи Бук, кои треба да бидат ставени во употреба оваа година. Рускиот министер за одбрана не даде точни податоци за обемот на производството.

Локалните медиуми, како што пренесува ДПА, информираа дека Шојгу извршил смотра и на производството на два вооружени системи - руските ракети Искандер и крстосувачките ракети Калибр. ссм/

фото: ДПА архива

Остани поврзан