• сабота, 09 ноември 2024

Во Шкотска стапи на сила законот за борба против злосторство од омраза

Во Шкотска стапи на сила законот за борба против злосторство од омраза

Единбург, 1 април 2024 (МИА) - Во Шкотска денеска стапи на сила законот за борба против злосторство од омраза, за кој критичарите велат дека може да влијае на слободата на говорот на Шкотите.

Шкотската влада тврди дека Законот за злосторство од омраза и јавен ред ќе обезбеди поголема заштита на жртвите и дискриминираните заедници, пишува Гардијан.

Законот ги консолидира постоечките закони, но воведува и ново кривично дело „заканувачко или навредливо однесување наменето за поттикнување омраза“ врз основа на возраст, попреченост, религија, сексуална ориентација, трансродовиот идентитет и варијации во родовите карактеристики.

Според новиот закон, лицето направило прекршок ако каже нешто или се однесува на начин „што разумно лице би го сметало за заканувачко или навредливо“, со намера да предизвика омраза врз основа на заштитените карактеристики, пренесува Би-Би-Си.

Максималната казна е седум години затвор.

Критичарите посочуваат дека новиот закон може да биде злоупотребен против поединци и групи кои го изразуваат своето мислење за чувствителни прашања. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан