Шин Бет и судството препорачуваат судењето на Нетанјаху за корупција да продолжи во Тел Авив
- Израелската разузнавачка агенција Шин Бет и израелското правосудство препорачаа сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на неговото судење за корупција да продолжи во безбедна, подземна судница во зградата на Окружниот суд во Тел Авив.
Тел Авив, 2 јануари 2025 (МИА) - Израелската разузнавачка агенција Шин Бет и израелското правосудство препорачаа сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на неговото судење за корупција да продолжи во безбедна, подземна судница во зградата на Окружниот суд во Тел Авив.
Препораката доаѓа по проценката на Шин Бет дека безбедносните околности, поради кои Нетанјаху бараше да сведочи во безбедна судница во Тел Авив, не се променети, објави Тајмс оф Израел.
Безбедносните служби препорачуваат Нетанјаху да сведочи во подземна судница во Тел Авив поради тековната војна што Израел ја води на повеќе фронтови.
На Нетанјаху му се суди во Окружниот суд во Ерусалим, но судницата нема засолниште во случај на бомбашки напад, ниту пак алтернативни безбедносни аранжмани во случај на ракетен напад. мс/
фото: МИА архива