Стејт департментот го извести Конгресот за планираната продажба на оружје на Израел во вредност од осум милијарди долари
- Американскиот Стејт департментот го извести Конгресот за планираната продажба на оружје на Израел во вредност од осум милијарди долари, соопштија американски официјални претставници.
Вашингтон, 4 јануари 2025 (МИА) - Американскиот Стејт департментот го извести Конгресот за планираната продажба на оружје на Израел во вредност од осум милијарди долари, соопштија американски официјални претставници.
Дел од оружјата во пакетот би можеле да бидат испратени преку тековните американски залихи, но за испорака на поголема количина ќе биде потребна една година или повеќе, изјавија двајца американски официјални лица кои побараа анонимност, бидејќи известувањето до Конгресот не е официјално испратено.
Продажбата вклучува ракети воздух-воздух со среден дострел кои му помагаат на Израел да се брани од воздушни закани, артилериски гранати од 155 милиметри за гаѓање со долг дострел, ракети Hellfire AGM-114, бомби од 200 килограми и друго.
Пакетот оружје е дел од рекордната американска воена помош за Израел за војната во Газа од 7 октомври од најмалку 17,9 милијарди долари. рп/
Фото: МИА архива