• недела, 28 јули 2024

Шефот на кипарската дипломатија Христодулидис си поднесе оставка

Шефот на кипарската дипломатија Христодулидис си поднесе оставка
Никозија, 9 јануари 2022 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Кипар Никос Христодулидис денеска соопшти дека поднесува оставка од позицијата шеф на дипломатијата, но и изразува интерес за кандидатура за претседателските избори во 2023 година, јави дописничката на МИА од Атина. Во изјавата пред новинарите, Христодулидис рече дека оставката пред извесно време му ја доставил на претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, кој во петокот ја прифатил, а повлекувањето од министерската позиција ќе стапи во сила во вторник. - Мојата оставка е резултат на низа настани и ставови, јавни и други, кои се случија во последниот период и кои неминовно и за жал влијаат на сериозната работа што треба да ја врши Владата, вклучително и Министерството за надворешни работи, рече Христодулидис. Тој додаде дека „искрено изјавува“ дека би бил заинтересиран за претседателските избори во 2023 година, особено, како што вели, доколку неговата кандидатура би можела да доведе до пошироки соработки и истакна дека, сепак, кога ќе ја донесе конечната одлука ќе излезе со конкретни соопштенија. ср/паг/

Остани поврзан