• вторник, 24 декември 2024

Кац: Израел се соочува со сеопфатна војна

Кац: Израел се соочува со сеопфатна војна

Тел Авив, 27 јули 2024 (МИА) – Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави дека разговарал со премиерот Бенјамин Нетанјаху по смртоносниот напад на Хезболах врз Мајдал Шамс, без да даде детали за што разговарале.

- Нема сомнеж дека Хезболах ги премина сите црвени линии … Се соочуваме со сеопфатна војна, изјави Кац за вестите на Канал 12.

- Не се сомневам дека ќе платиме цена, додаде тој, но истакна дека Израел „ќе бара уште поголема цена од Хезболах“.

Како што пренесе Тајмс оф Израел, тој, исто така, тврди дека Израел ќе има „целосна поддршка“ од САД и Европа.

Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху во меѓувреме одржува безбедносни консултации во САД, соопшти неименуван дипломатски извор цитиран во соопштението од кабинетот на Нетанјаху. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан