• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шефот на израелската дипломатија Сар ја обвини Турција дека ја претворa Сирија во свој протекторат

Шефот на израелската дипломатија Сар ја обвини Турција дека ја претворa Сирија во свој протекторат

Париз, 3 април 2025 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска изјави дека Израел е загрижен поради наводната цел на Турција да ја претвори Сирија во свој протекторат.

„Тие даваат се од себе Сирија да стане турски протекторат. Јасно е дека тоа е нивната намера“, изјави тој за новинарите во Париз.

Сар изрази загриженост и за „негативната улога“ што Турција, освен во Сирија, како што рече, ја има и во Либан и во другите делови од регионот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан