• среда, 13 ноември 2024

Шефот на дипломатијата на Либан ги повика Иран и Хезболах да избегнат одмазда

Шефот на дипломатијата на Либан ги повика Иран и Хезболах да избегнат одмазда

Каиро, 6 август 2024 (МИА) - Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Либан, Абдала Бу Хабиб денеска рече дека се надева оти одмазднички напад од Иран и неговите сојузници за убиството на двајцата главни израелски противници сè уште може да се спречи.

-Се надеваме дека нема да има одмазда. Но, ако мора да има, тоа не треба да биде колективен или силен одговор што би довел до голема војна, рече Бу Хабиб за време на посетата на Каиро. 

Бу Хабиб изјави дека неговата влада се обидува да ја спречи либанската милиција Хезболах, поддржана од Иран, драматично да ги ескалира тензиите.

Но, способноста на Бу Хабиб да ги ограничи Хезболах и Иран е ограничена, пренесе ДПА.

Либан е во длабока дисфункција со години и без претседател од крајот на 2022 година. Владата е на функција само во привремен капацитет. Милицијата Хезболах има огромно влијание врз политиката и секојдневниот живот на либанското население, делувајќи како држава во држава. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан