Шведска го поддржува Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО
- Шведска е меѓу земјите-членки на НАТО кои сакаат холандскиот премиер Марк Руте да ја води воената алијанса по истекот на мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг во октомври.
Стокхолм, 4 април 2024 (МИА) - Шведска е меѓу земјите-членки на НАТО кои сакаат холандскиот премиер Марк Руте да ја води воената алијанса по истекот на мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг во октомври.
„Марк Руте е мудар лидер со солидно искуство“, рече шведскиот премиер Улф Кристершон.
„Во време дефинирано со растечка неизвесност и влошена безбедносна политика, потребен е силен НАТО кој преку одвраќање и заштита ќе придонесе за безбедноста на сите сојузници и за промовирање на мирот и слободата“, додаде тој. паг/
Фото: МИА архива