• вторник, 24 декември 2024

Швајцарска политичарка со потекло од БиХ поднесе партиска оставка откако изрешетала слика на Богородица со Исус

Швајцарска политичарка со потекло од БиХ поднесе партиска оставка откако изрешетала слика на Богородица со Исус

Цирих, 10 септември 2024 (МИА) - Швајцарската политичарка Санија Амети додека вежбала стрелање ја изрешетала сликата на Богородица со Исус.

Подмладокот на десничарската Швајцарска народна партија поднесе кривична пријава против Амети за нарушување на слободата на вероисповед и богослужба, соопштија од партијата.

Николас Римолди, основачот на движењето Маш-Вол, покренато како протест против пандемиските мерки, исто така најави дека ќе поднесе жалба.

Откако швајцарскиот дневен весник Блик објави за фотографиите што Амети ги објави на Инстаграм во неделата, 32-годишната политичарка ги избриша фотографиите и напиша дека не била свесна што направила, по што побара прошка.

Во екот на критиките, Амети поднесе оставка од лидерската позиција на Зелените либерали во Цирих.

Партијата размислува и за исклучување, според извештајот на швајцарската јавна телевизија СРФ. „Според мислењето на раководството на партијата, натамошното членство на Санија Амети во Зелените либерали би и наштетил на угледот на партијата. За да се спречи натамошна штета, партијата бара итно да се покрене постапка за исклучување“, соопштуваат од партијата.

Во нејзината биографија стои дека е родена во Босна во 1992 година и дека со родителите побегнале во Швајцарија во 1995 година. паг/

Остани поврзан