• недела, 06 октомври 2024

Шахистите на Алкалоид ја одбранија титулата

Шахистите на Алкалоид ја одбранија титулата

Струмица, 1 август 2024 (МИА) – Шаховскиот клуб на Алкалоид ја освои 26. шампионска титула во македонското првенство и 12-та во низа.

Со освоени максимални 16 бода од осум меча „Фармацевтите“ го освоија првото место во Екипното првенство на Македонија во шах за 2024 година.

Второпласираниот Гамбит Асеко СЕЕ има 14 бодови. 

Капитенот на екипата ВМ Влатко Богдановски, покрај на двајцата велемајстори од Србија, Инѓиќ Александар и Ивиќ Велимир, имаше можност да им даде шанса и на сите други играчи од составот: ВМ Трајко Недев, ИМ Дејан Стојановски, ИМ Филип Панчевски, ВМ Звонко Станојоски, ИМ Тони Лазов, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ, ВМ Роландо Кутиров, Филип Михов и Михаил Јорданов, кои ја оправдаа довербата бидејќи од вкупно 48 партии се остварени 32 победи и 15 ремија. 

- Пред стартот на турнирот видовме исклучителна желба кај ривалите да играат за титулата, поради што моравме да се мобилизираме и да се ангажираме, што е сосема спротивно од она кога сме доаѓале да играме како најголеми фаворити. Ждрепката сакаше да имаме меч за титула во првото коло, кој го добивме, а тоа донесе извесна леснотија во натамошниот дел од првенството. Имавме доста разнолик состав, во кој имаше и повозрасни играчи, но и помлади. Новите концепции во рамките на ШК Алкалоид (тука, пред сѐ, мислам на формирањето на ШК Мулти Есенс) веќе земаат замав и се надевам дека резултати од таквите промени ќе видиме наскоро, на особено задоволство на сите нас кои инвестираме во младинскиот шах – изјави ВМ Влатко Богдановски.

Во женска конкуренција трофејот го освои МШК Центар, Алкалоид заврши на втората позиција. зс/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан