• четврток, 26 декември 2024

Чориќ: Немам коронавирус, повторно сум на терен

Чориќ: Немам коронавирус, повторно сум на терен
Задар, 11 јули 2020 (МИА) - Хрватскиот тенисер, Борна Чориќ објави дека е негативен на последниот тест за коронавирус. Тој беше еден од заразените учесници на „Адрија тур“. Чориќ објави дека повеќе го нема вирусот. - Среќен сум што сум повторно на теренот, убаво е чувството повторно да бидам надвор, рече Чориќ. Хрватот се тестираше позитивно во Задар, по откажувањето на турнирот. Чориќ претходно играше против Григор Димитров, кој беше првиот што објави дека е заразен со вирусот. Тој истакна дека немал никакви симптоми за време на изолацијата и дека се чувствува добро.

Тагови

Остани поврзан