Халеп сепак нема да ја искористи специјалната покана за Австралија опен
- Организаторите на Австралија опен испратија специјална покана до Симона Халеп и таа ја прифати, но тенискиот шампионат на Австралија опен сепак ќе помине без трофејната Романка
Мелбурн, 26 декември 2024 (МИА) - Организаторите на Австралија опен испратија специјална покана до Симона Халеп и таа ја прифати, но тенискиот шампионат на Австралија опен сепак ќе помине без трофејната Романка.
Тоа се должи на проблеми со повредите на рамото и коленото, односно болки кои ги трпи веќе некое време, а проценката на неа и на нејзиниот штаб е дека нема да има доволно време да се опорави и да ја прилагоди формата пред турнирот во Мелбурн (јануари 12 - 26).
Така, таа ќе мора да го одложи враќањето во натпреварувањата во класата 2000, по долго отсуство од ВТА турнејата поради допинг скандал, повеќекратните судења со властите и намалувањето на нејзината суспензија оваа пролет.
Симона Халеп играше во финалето на АО во 2018 година, кога беше поразена од Каролина Вознијацки. Таа моментално е рангирана на 877. место на ВТА листата, додека нејзината колекција на трофеи ги вклучува шампионатите на Ролан Гарос 2018 и Вимблдон 2019 година. дс
Фото: Архива