• четврток, 26 декември 2024

Чешките навивачи ги откажаа летови за Баку за четвртфиналето на ЕУРО2020

Чешките навивачи ги откажаа летови за Баку за четвртфиналето на ЕУРО2020
Прага, 1 јули 2021 (МИА) – Чартер летовите на релација Прага – Баку, со кои беше планирано доаѓање на чешки навивачи на четвртфиналниот натпревар од ЕУРО2020 против Данска, се откажани поради протоколите поврзани со Ковид-19. Во Азербејџан на сила се строги мерки во борбата против коронавирусот, а, во истовреме, чешките навивачи по враќање во својата земја ќе мораат да останат во домашен карантин. Чешките медиуми јавија дека првично интерес за патување на натпреварот во Баку покажеле околу 300 навивачи, но бројката потоа драстично се редуцирала, поради што летовите кон азербејџанската престолнина се откажани. Четвртфиналниот натпревар меѓу Чешка и Данска е на програмата в сабота од 18 часот во Баку. ег/паг/

Остани поврзан