• сабота, 27 јули 2024

Чешките приоритети со претседавањето со ЕУ пред пратениците

Чешките приоритети со претседавањето со ЕУ пред пратениците
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) – По повеќе од два месеци по почетокот на претседавањето со ЕУ, во Собранието ќе бидат презентирани приоритетите на Чешкото претседателство. Амбасадорот на Чешката република во Северна Македонија Јарослав Лудва, како што е наведено на собраниската веб-страна, ќе ги презентира Програмата и Приоритетите за работата на чешкото претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули – декември 2022 година, пред членовите на Комисијата за европски прашања. Мотото на чешкото претседавање е „Европа како задача: преиспитај, обнови, зајакни“, а нејзини приоритети се управувањето со размената на бегалци и повоената реконструкција на Украина, енергетската безбедност, зајакнувањето на европските одбранбени капацитети, отпорноста на европската економија и демократската институции. За 18 години, колку што е членка на ЕУ, Чешка по вторпат претседава со Унијата. Чешка го презема од Франција претседавањето со ЕУ на 1 јули, а од 1 јануари 2023 година Шведска ќе биде на чело на ЕУ.  ев/лв/

Остани поврзан